Македонскиот фудбалски првак Вардар на извлекувањето на групите од Лига Европа ги доби ривалите. Вардар беше извлечен како последен и тоа е во псоледната група Л.
Противници на Вардар се екипите на Зенит од Русија, Реал Сосиедад од Шпанија и Розенборг од Норвешка.
Сите три екипи имаат учествувано во Лигата на шампионите.
Останатите групи во Лига Европа во сезоната 2017/2018:
Група А: Вилјареал, Макаби Тел Авив, Астана, Славија Прага
Група Б: Динамо Киев, Јанг Бојс, Партизан, Скендербег
Група Ц: Брага, Лудогорец, Хофенхајм, Истанбул Башакшехир
Група Д: Милан, Австрија Виена, Риека, АЕК
Група Е: Олимпик Лион, Евертон, Аталанта, Аполон Лимасол
Група Ф: Копенхаген, Локомотив Москва, Шериф Тираспол, Злин
Група Г: Викторија Плзен, ФЦС Букурешт, Хапоел Бер Шева, Лугано
Група Х: Арсенал, БАТЕ Борисов, Келн, Црвена звезда
Група И: Салцбург, Олимпик Марсеј, Виторија Гимараеш, Конјаспор
Група Ј: Атлетик Билбао, Херта, Зорја Луханск, Естерсундс
Група К: Лацио, Ница, Зулте Варегем, Витес
Натпреварите од првото коло ќе се играат на 14.септември, а распоредот на дуелите УЕФА ќе го објави во најкус можен рок.


