Васил Јанкула стана дел од тимот на општина Ресен

Денеска остварив средба со нашиот преспански херој Васил Јанкула, кој стана дел од тимот на општина Ресен.
Јанкула е ангажиран за помагање во организирање на спортски натпревари за хендикепирани лица и лица со посебни потреби, а со неговите познавања на целните групи очекуваме да помогнат во унапредување на правата на лицата со попреченост и телесен инвалидитет.
Општина Ресен, како институција се грижи подеднакво за сите категории на граѓани и допринесува за унапредување на нивните права и слободи.

https://www.facebook.com/828985080604973/photos/a.829531740550307/1441395446030597/?type=3&theater

Извор: Фејсбук статус на Живко Гошаревски, градоначалник на општина Ресен

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести