Швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка е освојувач на гранслем турнирот УС Опен, откако во финалето го совлада најдобриот светски рекет Новак Ѓоковиќ со 3-1 во сетови. Во една исцрпувачка борба, во која Ѓоковиќ побара и два медицински тајмаути, Вавринка успеа да го скрши отпорот на Ѓоковиќ.
Србинот го освои првиот сет во тајбрејк. Во тринаесеттиот гем, Ѓоковиќ беше многу поконцентриран и го доби на поени со 7-1.
Но, потоа се разигра Вавринка. Проработи првиот сет на Швајцарецот, од друга страна Ѓоковиќ беше очаен во реализација на брејк – топките и сето тоа придонесе Вавринка да слави со 6-4 во гемови.


