Вавринка и Ферер елиминирани во Мајами

На Мастерс турнирот во Мајами синоќа порази во осминафиналето претрпеа третиот носител Станислас Вавринка и четвртиот Давид Ферер што претставува изненадување. Другите осминафинални резултати поминаа без неочекувани резултати.

Украинецот Александар Долгополов го совлада Вавринка со 2:1 во сетови, а Кеи Нишикори (Јапонија) беше поуспешен од Ферер со истиот резултат откако двата сета ги доби во тај брекот.

Резултати на другите осминафинални мечеви:

Новак Ѓоковиќ – Томас Робредо 2:0 во сетови, Енди Мареј – Жо Вилфред Цонга 2:0, Рожер Федерер – Ришар Гаске 2:0, Рафаел Надал – Фабио Фоњини 2:0, Милош Раониќ – Бенџамин Бекер 2:0 и Томас Бердих – Џон Изнер 2:0.

Кај жените Марија Шарапова слевеше над Петра Квитова со 2:0, а со истиот резултат Серена Вилијамс ја совлада Анжелик Кербер. Овие две тенисерки ќе играат меѓусебе во полуфиналето.

Денеска се играат два меча од четвртфиналето кај мажите и преостанатите два четвртфинални кај жените.

]]>

Најчитани вести