Важен натпревар за Металург во СЕХА лигата

Ракометарите на македонскиот тим Металург се пред нов испит во Белорусија. Откако во неделата останаа непоразени во дуелот со Динамо Минск во Лигата на шампионите, попладнево играат натпревар со Брест Мешков. Почетокот на дуелот е во 16 часот.

Двете екипи се во борба за место на табелата кое носи пласман на завршниот турнир, бидејќи двата тима заостануваат зад водечкиот тандем Татран Прешов и Загреб, додека со Вардар се наоѓа веднаш пред нив.

Покрај овој дуел во среда ќе се игра и одложениот натпревар меѓу Татран Прешов и Вардар со што сликата на врвот на табелата може да виде нешто појасна.

Табела: Загреб 34 бодови (14 натпревари), Татран Прешов 33 (13), Вардар 25 (12), Металург 25 (12), Мешков Брест 24 (12), Војводина 15 (13), Борац 12 (14), Нексе 11 (13), Ловќен 11 (15), Партизан 3 (14).

]]>

Најчитани вести