Вчера вкупно седум сообраќајки на подрачјето на Скопје, петмина повредени

Во текот на изминатите 24 часа на територијата на Градот Скопје се случиле вкупно седум сообраќајни незгоди, од кои три се со последица материјална штета и четири со последица телесни повреди со кои се здобиле двајца возачи на патнички моторни возила и тројца сопатници. Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.

Од страна на сообраќајната полиција со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се вкупно 71 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести