Најгламурозната церемонија на доделување награди во светот вечерва во 01 часот по полноќ, ќе се одржи во театарот Долби во Холивуд, а водител ќе биде популарниот ТВ водител и комичар, Џими Кимел.
Настанот ќе го пренесуваат преку 225 држави во светот. Годинава Оскарите се рекордери по бројот на афроамериканските актери и филмски работници кои се номинирани во сите категории. Мерил Стрип ја доби 20-тата номинација, а доколку го добие Оскарот, ќе се изнедначи со Кетрин Хепберн и ќе има четири Оскари, но ќе остане актерка со најмногу номинации.
„Пристигнување“, „Огради“, „Скриени цифри“, „`Рт на спасот“, „По секоја цена“, „Ла ла ленд“, „Лав“, „Манчестер покрај морето“ и „Месечева светлина“ влегоа во трката за Оскар за најдобар филм за 2017 година. „Ла ла ленд“ предводи со 14 номинации, додека филмовите „Месечева светлина“ и „Пристигнување“ освоија осум номинации.
„Ла ла Ленд” е номиниран во категориите: најдобар филм, најдобар главен актер, најдобра главна актерка, кинематографија, костимографија, најдобар режисер, монтажа, музика, дизајн, звук, монтажа на звукот и оригинално сценарио. Со тоа филмот на Демијан Шазел, кој претходно зеде 7 златни глобуси, се изедначува со претходните рекорди како „Титаник“. Тој, сепак, ќе се натпреварува со уште неколку големи фаворити.
Мерил Стрип, го урна сопствениот рекорд со 20-та номинација за „Оскар“.


