Велешанецот кој беше пријавен за исчезнат пронајден мртов, излетал со возило од автопатот Скопје-Велес

Велешанецот на пеесет и деветгодишна возраст, кого неговиот внук го пријавил во полиција за исчезнат, вчера бил пронајден починат на автопатот Скопје-Велес.

Како што информираат од СВР Велес, тој излетал со своето возило и од здобиените повреди починал.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Велес, а увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

извор: slobodenpecat.mk

Најчитани вести