Верижна сообраќајка на Плетвар, неколкумина повредени

Три возила се судриле на превојот Плетвар, на местото каде трите коловозни ленти се спојуваат во две, при што повредени се повеќе лица, а едно е во критична состојба, јави 10 без 10.

Повеќе возила на итната медицинска помош интервенирале да ги извлечат повредените од возилата и ги пренеле во градската болница во Прилеп, а лицето кое е тешко повредено и е во критична состојба, итно е пренесено на клиничкиот центар во Скопје.

Засега нема информации за причините за несреќата.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести