– Се случува нешто што никој не можеше да го замисли, се руши Уставот на Република Македонија. Ова е обид да се руши од темел независноста на Република Македонија. Тоа вчера го направи Груевски, во очај ја суспендираше парламентарната демократија, а сега се случува она што мораше да случи, ние пратениците да бидеме на браникот на слободата на граѓанинот на оваа држава. Од нив очекувам се, очекувам напад – изјави пратеничката на СДСМ, Весна Бендевска.


