(ВИДЕ) Министерот Трипуновски најави модифицирање на мерката „Зелена нафта“

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во „Дејли Клик“ на ТВ21 рече дека оваа влада ќе работи на зголемување на конкурентноста на македонските земјоделски производи со субвенционирање на трошоците за производство и намалување на производната цена. На тој начин на земјоделците ќе им се исплати производството, ќе имаат поголема заработка и можност да инвестираат во нова сезона.

Една од важните мерки ја спомна и „Зелената нафта“ но најави модификација за да биде посериозна поддршката и да влијае на намалување на производната цена.

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести