Потребна е ревизија на поделбата на државната земјоделска земја бидејќи таа последниве години се додели на луѓе блиски на власта кои само ја пријавуваат за субвенции а не ја обработуваат или ја издаваат на трети лица што е спротивно на закон. Земјата мора да заврши во рацете на вистинските земјоделци – изјави Ленче Николовска во разговор со земјоделци од битолското село Кажани кои се пожалија на моменталната состојба во земјоделското производство околу пласманот на земјоделските производи и неправедната распределба на државната земјоделска земја.


