(ВИДЕО) Анѓушев: Владата дава поддршка за развој на компаниите во Куманово

-Куманово се наоѓа на одлична географска локација, на спојот на коридорите осум и десет и за жал со години неправедно беше запоставувано. Владата веќе оваа година ќе направи напори да издвои средства за започнување на изградба на основна инфраструктура на нова индустриска зона, за привлекување на реномирани инвеститори од земјата и странството, потенцира Анѓушев. Во согласност со структурата на компаниите во градот, вицепремиерот оцени дека за нив би биле од значителен интерес мерките од третиот столб на Планот за економски раст, за поддршка на мали и средни претпријатија. Малите и средни компании добиваат поддршка како никогаш досега. За направени инвестиции во технолошки развој, микро, малите и средни компании може да добијат поврат во висина до 30% од направената инвестиција, а доколку инвестицијата е направена со цел да се развие нов иновативен производ, компаниите може да очекуваат помош во висина до 70% од направените вложувања. Трибината се организираше во соработка со градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, а освен со вицепремиерот Анѓушев, стопанствениците имаа можност да презентираат свои размислувања, забелешки и идеи и со министерката за привлекување на странски инвестиции Зорица Апостолска и министерот Зоран Шапуриќ. ]]>

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести