(ВИДЕО) Авион се урнал во Флорида: Паднал на прометна улица и се запалил

 Мал авион се урнал денеска во близина на аеродромот во градот Бока Ратон на југоисточна Флорида, а засега не се знае дали има повредени или загинати во несреќата, јавуваат локалните медиуми.

Авионот тип Цесна 310 пријавил механички проблеми додека се приближувал до аеродромот, според Фокс њуз.

Полицијата на Бока Ратон потврди дека авионот се урнал, но не соопштуваат други детали.

Како што јавила телевизијата CBS, повикувајќи се на локалната противпожарна служба, леталото паднало врз автомобил на прометна улица во близина на аеродромот и потоа се запалило.

Локалниот пат во близина на местото на несреќата бил затворен во двете насоки, а полицијата ги повикала жителите да ја избегнуваат областа.

Инцидентот се случил само еден ден откако шест лица, меѓу кои три деца, загинале кога хеликоптер се урнал во реката Хадсон во близина на Џерси, спротивно од брегот на Менхетен.

Најчитани вести