Три реда полицајци пред зградата на општина Битола. Така ги дочекаа демонтрантите кои четврти ден по ред протестираат против одлуката на Иванов за аболиција и бараат оставка од градоначалникот на Битола. Тие велат дека даваат подршка на Специјалното обвинителство кое деновиве го отвори предметот „Транспортер“ за превозот на учениците во Битола, јави ТВ Тера.


