На посета во SupportKocani ни беше Борче Јованчевски @bokilunata – еден од првите кој алармираше за пожарот во дискотеката Пулс и објави апел за помош на социјалните мрежи, помагајќи сите Кочанчани да излезат и да спасуваат луѓе.
Боки несебично се има враќано внатре во дискотеката и има помагано и спасувано заедно со останатите. Му благодариме од срце за неговата пожртвуваност, хуманост и несебичност.


