Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски пред малку изјави дека 59 лица загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Досега идентификувани се 35 лица, 31 од Кочани и 4 од Штип.
„Досега се извршени разговори со 10 хоспитализирани лица, со еден член од групата ДНК. Распишана е централна потерница по четири лица. Се испитува и документацијата за дозволите на дискотеката од Министерството за економија“, изјави Тошковски.


