Шампионот и лидер на табелата во Италијанското фудбалско првенство направи уште еден чекор кон одбрана на титулата, откако синоќа ги освои бодовите на гостувањето во Џенова. Најзаслужни за победата на Јувентус беа голманот Џанлуиџи Буфон кој во 72.минута го одбрани пеналот на Емануеле Калаио, а во самиот финиш (89.минута) Андреа Пирло од слободен удар постигна ефектен гол за победа со 1:0.
На другата синоќешна средба од 28.коло Фиорентина го совлада Киево со 3:1.
Претходно: Милан – Парма 2:4, Аталанта – Сампдорија 3:0, Каљари – Лацио 0:2, Ливорно – Болоња 2:1, Сасуоло – Катанија 3:1 и Верона – Интер 0:2. Вечерва играат Торино – Наполи и Рома – Удинезе.
Табела: Јувентус 75 бодови (28 натпревари), Рома 58 (26), Наполи 55 (27), Фиорентина 48 (28), Интер 47 (28), Парма 46 (27),.
]]>


