Maкедонската фудбалска легенда Дарко Панчев го коментираше поразот на српските „ѕвездаши“ во Милано. „Црвена ѕвезда“ загуби со 4:0 од Интер во второто коло од Лигата на шампионите.
„Сами на себе си дадоа четири гола, се поразија, се уништија“, изјави Панчев во интервју за Спорт Клуб.
Тој се осврна и на голманот на Звезда, Омриј Глејзер, за кого рече дека е квалитетен голман, но загубените топки на играчите на „Ѕвезда“ во зоната каде што тоа не смее да се случи си го направиле своето.
Сепак, она што можеби е поинтересно за неговите фанови е неговото пеење за време на полувремето кога се вклучи во живо во еден поткаст каде што гостуваше и српскиот пејач Кеба, па запеа во чест на Црвена Звезда.
Интересно е што Панчев играше и за двата тима, со Црвена Звезда се искачи на врвот на Европа и светот во 1991, а потоа направи трансфер во Интер каде не се прослави.


