(ВИДЕО) Детско лице натопено во крв, молк кој го прободува срцето

Во средата од Алепо пристигнаa шокантни снимки кои ќе бидат втиснати во меморијата на многумина како симбол на глупоста на војната. Во општиот метеж, спасувачите од разурнатата зграда извлекоа момче кое беше покриено со прашина, а лицето натопено со крв.

Момчето, облечено во кошула прекриена со прашина, остана мирно и тивко седејќи во болничкото возило. Љубопитно гледаше кон луѓето, а потоа ја крена едната рака, помина низ косата и го допре крвавото лице. Смирено погледна во крвавата дланка, а потоа ја избриша од седиштето.

Ова го направи во целосна тишина без да плаче. Морничаво спокојство што го прободува срцето.

Најчитани вести