Џенифер Лопез учествуваше во шегата што ја подготви водителот Џејмс Корден, а која беше снимена во автомобил. Двајцата уживаа – зборува и пееја хитови. Но, во еден момент Корден го зеде мобилниот телефонот на Ло и почна да ги разгледува нејзините контакти, пишува британскиот весник “Индипендент”.
А, потоа од нејзиниот мобилен телефон испрати текстуална порака до Леонардо ди Каприо.
– Здраво, „шмекеру„. Сакам некаде да се релаксираме. Дали имаш некоја сугестија каде да одиме? Информирај ме. Џеј Ло, – напишал Коредн наместо Лопез.
Наскоро пристигнал и одговорот, а Ди Каприо, бил извонреден:
– Мислиш вечерва, медена? Некаде во клуб? – напишал Лео, а Џенифер и Џејмс биле воодушевени од неговиот одговор.
Погледнете го видеото:
Извор: Репортер.мк


