(ВИДЕО) Експлодира заштитната кацига на ранинг бекот на Нотр Дам

Заштитните кациги во НФЛ лигата се битен фактор во заштитата и безбедноста на играчите во овој груб спорт. Но ова што се случи на натптеварот помеѓу Нотр Дам и Мајами не говори добро за овој дел на опремата на играчите во лигата на американскиот футбал.

Играчот на Нотр Дам, ранинг бекот Тони Џонс Џуниор, го заврши натпреварот против Мајами, откако прими удар во главата, по кој се разлетаа златни парчиња од заштитната кацига низ целиот терен.

Џонс беше очигледно збунет по ударот и ја напушти играта. Тој го заврши денот со само четири истрчувања за 48 јарди, додека Нотр Дам победи со 52-17.

zastitna_kaciga

Најчитани вести