Новата банкнота од 10 евра ќе биде пуштена во промет на 23 септември, објави Европската Централна Банка, пренесе „Франс Прес“.
Како банкнотата од 5 евра, која беше пуштена во употреба во мај годинава, така и новата банкнота од 10 евра ќе биде „отпорна“ за фалсикување. Портрет на божицата на Европа ќе виде ставена на водениот печат и на холограмот.
Новата банкнота ќе биде постепено воведена во текот на наредните неколку години, а банкнотите од 10 евра што се користат од јануари 2002 година, ќе бидат постепено повлечени од оптек.


