(ВИДЕО) Еве како МВР утринава ги апсеше цариниците

Министерството за внатрешни работи денеска апсеше цариници поради кривичните дела кои подолг период наназад се вршени на Граничниот премин „Ново Село“. МВР денеска соопшти дека 13 лица се лишени од слобода, а досега се запленети и осум возила со кои е вршено кривичното дело, а отпочната е и втората фаза на акцијата, односно во тек се мерки и активности кои се преземаат во координација со УЈП и Пазарна инспекција во поголем број објекти во кои се продавала криумчарената трговска стока на повеќе локации во Струмица, Скопје, Прилеп, Куманово, Василево, Виница, Тетово и Штип.

Со примена на посебни истражни мерки, се идентификувани членовите на криминалната група, односно злосторничкото здружение кои во континуитет криумчареле огромни количини текстилна роба со која снабдувале бутици во повеќе градови низ државата.

Како членови на оваа криминална група, соопшти МВР, се идентификувани и повеќемина вработени во Царинската управа, меѓу кои раководителот на Царинската испостава „Ново Село“ и шестмина царински службеници од истиот граничен премин.

Освен нив, денеска беа приведени и шест физички лица поради основано сомнение дека сите заедно сториле повеќе кривични дела како „злосторничко здружување“ „злоупотреба на службена положба и овластување“, „криумчарење“, „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Според досега документираните сознанија, делата се вршени на тој начин што нарачателите на трговската стока – правни субјекти, кои истата ја купувале во Бугарија и Грција претходно ја оставале на одредено, само за нив познато место во Бугарија или Грција.

По претходен договор, појаснуваат од МВР, превозниците ја преземале стоката и ја пренесувале во Македонија. Тие транспортот го вршеле преку ГП Ново Село до однапред договорена дестинација и тоа секогаш кога на должност биле некои од царинските службеници-членови на злосторничкото здружение, кои во договор со истите не вршеле царинска контрола, односно преглед на возилата и трговската стока што се пренесувала, а со цел да бидат избегнати задолжителните царински давачки.

За извршениот транспорт, нарачателите на трговската стока, на транспортерите откако ќе им ја доставеле трговската стока им плаќале одреден износ, а тие вака стекнатата противправна имотна корист не ја зачувувале за себе, туку по секој извршен транспорт, одредена сума им предавале цариниците. ]]>

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести