(ВИДЕО) ФАО сторија за жената – фармер Сузана Димитревска: Дигитални алатки за органска фарма

Сузана редовно го споделува своето знаење со другите земјоделци. Откако го има набавено софтверот за управување со фарма, Сузана може да ги планира и анализира културите од својата канцеларија. Информациските и комуникациските технологии, како оние што ги избрала Сузана, веќе долго време се гледаат како двигатели на руралниот развој и го забрзуваат напредокот кон родова еднаквост.ИКТ се однесуваат на широка категорија на уреди и услуги кои им помагаат на земјоделците да собираат, чуваат, анализираат и споделуваат податоци.Тие овозможуваат јакнење на руралните луѓе, а особено жените, на безброј начини – од мобилните телефони кои овозможуваат пристап до мобилно банкарство и сателити кои обезбедуваат ажурирани временски извештаи до беспилотни летала кои овозможуваат детални воздушни снимки. Сепак, оние што најмногу би имале корист од ИКТ, исто така, се најмалку способни да пристапат до истите и да си ги дозволат.Сиромашните рурални жени, и покрај тоа што играат фундаментална улога во земјоделското производство, имаат помал пристап до ИКТ отколку нивните побогати, урбани или машки колеги.Како резултат на тоа, во многу рурални средини, целосниот потенцијал на ИКТ останува неискористен. Од моментот на прифаќање на софтверот за управување со фарма, Сузана ужива во зголемената способност за одлучување и гледа дека нејзината инвестиција се исплаќа.Таа може поефикасно да ја води фармата, користејќи го софтверот за водење евиденција, да ги следи трошоците, да управува со сезонските работници и да ја анализира профитабилноста на секоја од своите култури. Всушност, по нејзината прва година на користење на софтверот, Сузана дозна дека некои од културите што ги одгледувала со години не биле економични, па така сега ги испитува попрофитабилните опции. suzana Сузана се стреми кон прецизно земјоделство со помош на ИКТ, како начин за намалување на нејзините ризици и ублажување на ефектите од климатските промени. Другите ИКТ-решенија може исто така да бидат клучни за иднината на Сузана.Во 2017 година, исклучително високите температури зафатија голем број од нејзините земјоделски култури.Сите нејзини кајсии, лубеници, грав, наут и сончоглед беа засегнати, а листовите на нејзиното грозје изгореа од топлината.Но, со инвестирање во прецизно земјоделство – користејќи ИКТ како мапирање на земјиштето и воздушни снимки – таа ќе добие важни информации за тоа како и кога да ги наводнува своите култури за максимална ефикасност.Овој пристап ќе го намали ризикот од загуби кај културите и ублажување на ефектите од климатските промени.Во блиска иднина, таа се надева да инвестира во дополнителен модерен систем за наводнување и почвени сензори. „Малите земјоделци како мене, сè уште немаат знаење и разбирање за потенцијалните можности што ги нудат ИКТ“, вели Сузана. Потребни се повеќе демонстративни фарми за да можеме да научиме како може да се користат новите технологии, кои се придобивките и евентуално да одлучиме да инвестираме во нив”. ФАО редовно организира регионални форуми за е-земјоделство каде што се демонстрира употребата на ИКТ во однос на храната и земјоделството и каде им е овозможено на малите земјоделци да ги споделат сопствените искуства едни со други.ФАО верува дека дефинирањето на паметни пристапи кон ИКТ фокусирани на заедницата може да им обезбеди на луѓето од руралните средини алатки кои им се потребни за иновации и промени – како на пример да им се помогне на повеќе жени-земјоделци како Сузана, да пристапат до овие клучни технологии. Покрај тоа, бидејќи руралните земјоделци преземаат сѐ поактивни улоги во нивните заедници, ИКТ можат да бидат ефективни алатки за жените и мажите да ја надминат сиромаштијата, за унапредување на родовата рамноправност и за градење на „Свет без глад“ #ZeroHunger. ]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести