(ВИДЕО) Фронтменот на „Манeскин“ повторно во центарот на вниманието, облекол здолниште и штикли

Италијанската група Манескин, која победи на Евровизија во 2021 година, го привлече вниманието на доделувањето на музичките награди во Њу Џерси.

Фронтменот Дамијано Дејвид за оваа пригода обрал да носи јакна, долго здолниште и штикли.

И покрај бројните критики за неговиот изглед, многу дами сè уште го сметаат за секс симбол.

Итан Торчио, тапанарот на Манескин, се појави со долга сина коса, облечен во панаталони со висок стурк.

За разлика од многу други евровизиски победници, членовите на групата Манескин се уште не паднаа во заборав. Тие редовно настапуваат низ светот.

Во февруари, списанието „Variety“ ги прогласи за најдобар рок бенд што се појавил во изминатите неколку години. Тие неодамна го објавија и новиот сингл „Honey“.

Најчитани вести