Ако сте од оние на кои обичните огномети веќе им се досадни, можеби ќе ви се допадне идејата на една фирма од Глазгов, Шкотска. Имено, на Ју тјуб пред неколку дена се појави снимка од огномет во Шкотска на која се гледа дека во еден момент на небото се формира голем пенис. Оваа снимка на авторот му донесе голема популарност на Ју тјуб и во медиумите на Островот.


