И денеска километарски колони од трактори полни со грозје на откупните пунктови во Тиквешијата.

Ноќеска пред Винарската визба „Повардарие“ лозарите чекаа ред да го предадат грозјето. Винаријата работи во три смени. Никој не прашува за цена или кога ќе се плати родот. Само да не се фрли родот.
Проблематичниот откуп на грозјето може да го реши само владата и никој друг. Нејзина законска обрска е да обезбеди сигурен и гарантиран откуп.


