(ВИДЕО) Гомис стабилен откако колабираше на натпреварот Тотенхем – Свонси

Напаѓачот на Свонси Сити, Бафетимби Гомис е во стабилна состојба, откако колабираше на теренот за време на натпреварот во Премиер Лигата против Тотенхем, на Вајт Харт Лејн.

Само после осум минути од натпреварот во северниот дел на Лондон, неколку моменти откако Тотенхем го отвори резултатот преку Насер Шадли, стана јасно дека има проблем со францускиот напаѓач кој падна на тревата.

Играчите на Тотенхем и Свонси загрижени гледаа како медицинскиот персонал се стрча кон теренот на Вајт Харт Лејн.

Минутите поминуваа откако медицинските лица му помагаа на Гомис, кој за среќа, подоцна се врати при свест. Тој беше изнесен од теренот испратен со стоечки овации.

“Тој е во ред”, изјави портпаролот на Свонси. “Тој е во болница . Се работи за вазовагална состојба.

“Ние секогаш сме биле свесни за тоа и тоа се случило пред тоа. Тој ги има сите медицински и кардиолошки тестови со нас.”

Гомис има историја на губење на свест.Се онесвести три пати откако се приклучи кон Лион во 2004 година, а последниот случај беше на припремите на француската репрезентација во 2009 година.

Најчитани вести