(ВИДЕО) Грабеж на деценијата: Исчезнала со милионите на фирмата каде што пакувала пари

Jасмин Гундоган е осомниченa дека ja ограбилa компанијата за транспорт на пари во Бремен, Германија каде што работела. Полицијата ја бара за кражба на 8 милиони евра, а германските медиуми ги објавија деталите за грабежот што ја шокираше целата земја.

Полицијата се обидувала да ѝ влезе во траг со недели, но безуспешно. Во петокот ги објавија деталите јавно и побараа помош од граѓаните, пренесува Билд.

Работата на Јасмин била да ги пакува банкнотите во касети за готовина, што подоцна ќе бидат транспортирани до банкоматите во филијалите на банките.

https://www.youtube.com/watch?v=cViH0BIHxww

На денот на грабежот, 21 мај, таа наместо да ги полни касетите како вообичано, си спакувала 8 милиони евра во вреќи за ѓубре и ги фрлила во контејнер за ѓубре.

Потоа фрлила ѓубре над нив за да ги сокрие. На крајот ги земала парите од контејнерот со мерцедес, изнајмен во Берлин, а користела и лажни таблики. Влегла во возилото и исчезнала без трага.

https://www.youtube.com/watch?v=21_n1WzscCU&t=23s

Пријател на Јасемин, за медиумите, тврди дека таа не е толку паметна за да го изведе сето ова сама и дека има некој кој и помогнал во сето тоа.

]]>

Најчитани вести