(ВИДЕО) Хајредини: Силјановска-Давкова погреши што нѐ прозва. Таа е националистка!

Понатаму, тоа време беше многу сложено. Прв пат беше формирана партиска коалициона Влада, затоа што најголем притисок за тоа да не се коалицира и соработува со албанските субјекти вршеше токму партијата ВМРО ДПМНЕ. Партија која благодарение на таа жестока антиалбанска политика се афирмираше и, за жал, долго време се одржуваше, па и ден денеска ја имаме на политичката сцена на Македонија. Ѝ доликува ли на личност која во тоа време била министер, сега да биде поддржана од таква една партија? Овој чин зборува сам за себе. Бидејќи таа беше министер без ресор, беше ангажирана во доменот на политичкиот систем. Таа сите барања на Албанците, како што и сега всушност прави во последниве 10 години, ги квалификуваше како неуставни. Таа беше жестоко против Охридскиот договор, против терминот заедници, да не зборуваме за јазикот и така натаму. Тогаш стана збор за високото образование на албански јазик и таа, нам, на министрите на ПДП, ни велеше дека тоа е противуставно. На прашање на Цивил Медиа дали постои политичка волја кај Силјановска да работи во интерес на Албанците во Македонија, Хајредини вели: – Нејзините изјави се јасни. Не се мерат меѓуетничките релации со тоа кој какви лични односи има, туку кој како се однесува кога се носат одлуки за сите. Ние не можеме секој ден да се тепаме со тие коишто не се согласуваат со нас, за да докажеме нешто. Ако сме биле во таа Влада сме морале да соработуваме. Така е и сега, така било секогаш. Меѓутоа, таа е премногу експонирана за сега да се повикува на тоа дека е одмерена. Затоа ме изненади фактот што нѐ прозва нас. Што да докажеме? Ова е доказ! ЦИВИЛ МЕДИА: Сакате да кажете дека и тогаш била националистка? ХАЈРЕДИНИ: Апсолутно! Фактот што таа сега на овие години, после толку време, од нејзиниот ангажман во Владата како министер, па сѐ до сега, таа воопшто не мислела како што зборувала.” Целото интервју прочитајте го на следниот линк.]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести