(ВИДЕО) Хаос на улиците во Шпанија, повеќе од 50 уапсени

ФОТО: Tanjug

Повеќе од 50 лица се уапсени и десетици повредени во протестите што постанаа насилни во неколку шпански градови.

Протестите се предизвикани од апсењето на раперот Пабло Хасел, кој е обвинет за навреда на монархијата и величење на тероризмот, пренесе АП.

Протестите започнаа на централниот плоштад во Мадрид и првично беа мирни, а демонстрантите извикуваа „Нема повеќе полициско насилство“ и „Слобода за Пабло Хасел“.

https://twitter.com/cgtnamerica/status/1362509128384606208

Полицијата интервенирала откако неколку од демонстрантите започнале да фрлаат стаклени шишиња и камења и потоа веќе се излегло од контрола.

Во главниот град на Шпанија полицијата уапси 19 лица, од кои шест се малолетни лица.

Службите за итни случаи дале помош на 35 членови на полицијата и повеќе од 20 демонстранти.

https://twitter.com/ferozwala/status/1362498607203512322
]]>

Најчитани вести