(ВИДЕО) Институционалната немоќ или негрижа: Смртно болен старец во село Русиново оставен сам да мрзне и да умира

Трошната куќарка во Русиново, со импровизиран прозорец и скали од трупци, крие во себе беспомошен старец, но уште побеспомошни институции. 69-годишниот Јован Пецуровски со дијагностицирана психичка болест, последните 4 месеци е врзан за креветот поради неговата немоќ да се движи. Па старецот, оставен сам, преживува на минусни температури без греење, во услови налик на шталите и од грижата на некој од соседите кој има храброст да влезе кај него, бидејќи од него поради психичката болест, сите се плашат.

Соседите се исплашени дека овој старец нема да ја преживее зимата. Случајот со Јован ја изнесе на површина институционалната немоќ.

Од Центарот за социјални работи од Берово велат дека ја следат неговата состојба, ги презеле сите мерки тој да биде сместен во болницата во Негорци, но таму не сакале да го примат, па повторно е вратен назад,

Според нив проблемот е што во Македонија во специјализираните установи за третирање на вакви болни, не е ставен акцентот и на социјалниот статус на болните, признаваат дека повеќе од 4 години не е соодветно медицински третиран, а до друга страна нема народна кујна во селските средини, која ќе му обебзедува барем еден оброк.

Пред очите на сите, институционалната немоќ, го остава болниот старец да скапува во креветот мрзнејќи и гладен мизерно да го завршува животот.

ИЗВОР: ТВ Стар

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести