(ВИДЕО) Интер славеше победа на гостувањето кај Фиорентина

Екипата на Интер како гостин ја совлада Фиорентина со 2:1 во натпревар од 24.коло во италијанската Серија А, одигран синоќа во Фиренца. Гостите од Милано поведоа со голот на Родриго Паласио во 34-та минута. По само две минути (47) игра во второто полувреме домаќините израмнија преку Хуан Куадрадо. Трите бода на Интер им ги донесе Маурисио Икарди со голот постигнат во 65-минута.

Во воведниот натпревар од ова коло одигран во петокот Милан со 1:0 ја победи Болоња. Најголемиот дел до средбите на програмата се денеска, а двојките за се: Катанија – Лацио, Сасуоло – Наполи, Јувентус – Киево, Џенова – Удинезе, Каљари – Ливорно, Аталанта – Парма и Рома – Сампдорија.

Во понеделник ќе биде комплетирано колото со натпреварот Верона – Торино.

Табела: Јувентус 60 бодови, Рома 51, Наполи 47, Фиорентина 44, Интер 39, Верона 36…

]]>

Најчитани вести