-Неколку новодојдени членови во мојата партија ВМРО ДПМНЕ, како и петтоколонашките структури во нашата држава се обидуваат да му наметнат на раководството на ВМРО ДПМНЕ да поддржи или предложи МУЛТИКОЛОРЕН КАНДИДАТ за ПРЕТСЕДАТЕЛ на претстојните претседателски избори. Обоен во сите бои од глава до петици. Овие структури забораваат дека тој нивен „кандидат” на големиот протест на ВМРО ДПМНЕ пред Собранието на Република Македонија во 1994 година против фалсификуваниот избор на Киро Глигоров, ги ангажира специјалците (снајперисти), кои беа спремни да пукаат во насобраните членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ присутни на тој голем протест. Се излажале овие структури ако мислат дека НИЕ ВМРОВЦИТЕ сме со кратко паметење, а поготово што за тоа постојат сведоци и документи, напиша професорот Јове Кекеновски на својот Фејсбук профил.
Инаку ова тврдење го има кажано и Александар Диневски, висок функционер во ДПМНЕ во 90-тите, во ланското гостување во Политико.
ИЗВОР: Мактел]]>


