Како се вика човекот кој е на власт?

Премиерот Никола Груевски вечерва е гостин во емисијата „Опуштено“, што ја води Тони Михајловски.

Тој пред гледачите откри дека неговите две ќеркички не знаат што точно работи тој, освен дека е главен, дека го даваат на телевизија често и дека работи во Влада.

Едно малечко дете од нашето соседство за локална телевизија објасни како се вика човекот кој е на власт, штета е ќерките на премиерот да не знаат со што се занимаваат политичарите.

Покрај за своите ќерки премиерот зборуваше за детството, за младоста, за спортовите кои ги владее, а очигледно беше дека станува збор за промоција на премиерот, која треба да ја остави јавноста во солзи, трогната од обичноста, народноста, милината…

Груевски рече дека не пиел, не пушел, сакал театар, како мал имал шум на срце, растел без татко, сакал уметност…

Интересно беше што дознавме дека Груевски бил слаб студент затоа што многу сакал театар па преку ден „киснел“ на проби и по кафулиња, а навечер учел како Кочо Рацин под свеќа на таван.

Премиерот кажа многу мудри мисли, животни филозофии… без никакви незгоди „опуштени“ прашања, а втората гостинка во емисијата, Каролина Гочева, во првиот дел од емисијата падна „во сенка“, понатаму кажа и таа некој збор.

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести