(ВИДЕО) Како во филм: Патник без искуство со летање успеал да приземји авион на меѓународниот аеродром во Флорида

Драматичната сцена, која потсетува на нешто што може да се види само во филм се случила кога контролата на летање на аеродрмот во Јужна Флорида примила повик од патник во приватен авион.

-Ситацијата е сериозна. Пилотот се онесвести, а јас немам поим како да го управувам авионот, рекол патникот во својата порака за помош до било кого кој би слушнал, пренесува Си-Ен-Ен.

Контролата на летање ја примила неговата порака, а потоа ја одредила неговата позиција. Тие му дале упатства како да продолжи да го управува авионот.

https://twitter.com/wpbf_ari/status/1524221187009781766

Малиот авион, во кој имало двајца патници и пилотот, летал на височина од околу три километри, а контролата на летот во Форт Пирс успеала да го насочи да го следи брегот и конечно да слета на меѓународниот аеродром во Палм Бич.

„Штотуку видовте како двајцата патници сами слетаа со авион“, му рекле контролорите на летање на пилотот од „Американ Ерлајнс“, кој се подготвувал да полета.

]]>

Најчитани вести