(ВИДЕО) Каков фер-плеј на Џек Сок!

Лејтон Хјуит ужива во последните денови од својата кариера, која ќе заврши со неговиот последен настап на претстојниот Австралија опен, гренд-слем турнир на кој во 2005 година беше поразен во финалето од Марат Сафин.

Хјуит настапи на Хопман купот, во натпревар против американскиот тенисер Џек Сок. Ситуацијата се случи во првиот сет при 5-4 за Сок.

– Внатре беше, ако сакаш да провериш – рече Сок, откако беше досуден аут после сервисот на Хјуит.

Хјуит првично малку се збуни, како да не можеше да верува што се случува.

Потоа тој го прифати челенџот, кој што покажа дека Сок е голем спортсмен, бидејќи соколовото око ја потврди забелешката на американецот дека сервисот беше добар.

Најчитани вести