(ВИДЕО) Ковачевски: И оваа година имаме буџет – желботека на Никола Груевски

– Бегате од темата долг на државата. Кога дојдовте на власт во 2006 година ја презедовте државата со околу 1 милијарда евра долг, а денес долгот е цели 4 милијарди евра. За 4 пати го зголемивте долгот на државата, рече пратеникот Васко Ковачевски во однос на дополнетиот предлог на Буџет на Р.Македонија за 2016 година, на 73-тата седница на Собранието на Република Македонија

Со ВМРО ДПМНЕ како власт, Македонија стана држава на сиромашни и на стари лица!

И оваа година , власта предводена од ВМРО ДПМНЕ предлага буџет кој најкратко може да се нарече ЖЕЛБОТЕКА на Никола Груевски и неговите најблиски соработници во врхушката на власта.

Премиерот по телефон си распоредува средства за да си ги исполнува своите желби и желбите на неговите најблиски од т.н. фамилија слично како и некој развратен шеик од Блискиот исток. Муабетот…МИЛЕ МИ ТЕКНА!!!

Вие од власта, треба јасно и гласно да и кажите на македонската јавност дека во 2006 година ја презедовте власта со долг од околу 1 милијарда евра, а денес долгот е 4 милијадри евра.  Проста математика, за 4 пати го зголемивте долгот на државата.

Ова сакаат да го слушнат и да го разберат и економистите и професорите, и земјоделците и стечајците, и Андреј во Скопје, и Андон во Бистрица и Аднан во Лабуништа. Нив не ги интересираат проценти, нив ги интересира секојдневната живеачка која што од ден на ден е се полоша и полоша. Прашуваат, КАДЕ СЕ ПАРИТЕ???

Вие ќе го трошите буџетот до мај 2016 година, а идната власт предводена од СДСМ најпрво ќе предложи ребаланс на буџетот во кој ќе се направи релокација на средствата од непродуктивните трошоци за сметка на ставки кои итоа како ќе ја подобрат живеачката на граѓаните на Р.Македонија.

Дали нема потреба од НОВ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР во Битола?

Дали нема потреба од еколошки проекти во РЕК Битола?

Дали нема пари за пречистителна станица за собирање и третман на отпадните води во Битола?

Не можи да се обезбедат средства за планинарскиот дом Копанки, иконата на Пелистер кој што пред 4 години изгоре до темел?

Дали нема пари за адаптирање и заштита на Офицерскиот дом на Широк сокак, Фонтаната, Старата битолска чаршија?

Стадионот е рушевина, спортската сала пред распаѓање! Ако има пари за спортски објекти во Скопје, ТРЕБА и МОРА да има пари и за спортските објекти и комплекси во Битола, Охрид, Струга…

Зарем мислите дека во Крушево, локалната самоуправа сама ќе изнајди пари за индустриската зона Опаленик?

Граѓаните на Ресен и околината немаат атмосферска канализација, првите дождови прават неприлики во домаќиствата и индустријата.

Повторно нема пари за Битола, нема пари за нов старски дом и нова градинка, нема пари за нови автобуси, нема за нов ГУП на Битола, нема за пат од Бистрица до Драгош, за патот од Трново до Молика, за нова жичара на Пелистер, нема пари за почеток на гасификација на Битола!

Зошто ги казнувате БИТОЛА и градовите од југозападниот регион???

Одговорот ќе го добиете на 24 април следната година!

Најчитани вести