Кралицата Камила ја збуни Меланија Трамп со типична британска шега за лошото време на вториот ден од државната посета.
Читателката на усни Никол Хикинг откри дека Камила ѝ ја шепнала досетката на Првата дама додека седеле на церемонијалниот прием.
Гостите во Вашингтон се засолниле од дождот под чадори, но дождот сè уште паѓал врз седиштата. Додека седнувале на своите места, Камила рекла: „О, доста е влажно.“
Читач на усни за „Мејл“ изјавил дека Меланија се согласила, а жените се смееле. Потоа кралицата се пошегувала: „Ќе имаме влажни задници“, на што Првата дама изгледала збунето и прашала: „Влажни задници?“
Реакцијата на Меланија е всушност сосема разбирлива. Реченицата на Камила на англиски, според читачот на усни, била „Ќе имаме мокри задници“ но изразот во британски контекст има дополнителна, малку комична нијанса.
Фразата „влажно дно“ стана позната на пошироката публика благодарение на емисијата „The Great British Bake Off“, во која се користи за да се опише неуспешно тесто, обично пита или тарта чие дно е влажно, лепливо или недоволно печено.
Имено, во британската култура, овој израз со текот на времето станал препознатлив, речиси шега сама по себе, особено затоа што истовремено звучи како коментар за храната и блага шега за задникот.


