(ВИДЕО) Македонската глумица Адеа Шабани која исчезна во САД, пронајдена мртва?!

Полицијата во Лос Анџелес пронајде женско тело во плитка гробница 80 километри од Сакраменто, Јужна Калифорнија, за кое се верува дека е на македонската актерка Адеа Шабани која исчезна пред повеќе од еден месец. Од полицијата изјавија дека детективите веруваат дека станува збор за телото на 25-годишната актерка, но поради состојата во кое е пронајдено не може стопроцентно да тврди дека се во право. Капетанот Вилијам Хејес од одделот за убиство и грабежи во ЛАПД вчера на прес-конференцијата во центарот на Лос Анџелес рече дека истражувачите веруваат дека телото ѝ припаѓа на Шабани. Се смета дека причини за смртта е убиство, но се чекаат податоци од обдукцијата. Полицијата се сомнева во момчето на Шабани. 33-годишниот Крис Споц викендов изврши самоубиство пукајќи си во глава откако претходно бегаше од полицијата. Според пишувањата во американски медиуми, постоел сведок кој ги видел како Шабани била насилно турната во багажникот на автомобилот на Крис. Адеа ШАбани средно училиште завршила во Скопје во 2010 година. Потоа заминала да студира на Американскиот колеџ во Париз. Во Америка пристигнала пред две години за да студира на академија за глума. Исчезнувањето го пријавија нејзините пријатели и колеги од факултет откако подолго време не се појавила на часови, што не било својствено за нејзе. Таа во моментот на исчезнувањето имаше 25 години. На 16 март требаше да наполни 26 години. Извор: Фокус]]>

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести