(ВИДЕО) Меркел згреши, Џонсон: „Исклучете го микрофонот Ангела“

Додека британскиот премиер Борис Џонсон го отвораше состанокот, германската канцеларка Ангела Меркел нагло го прекина, обидувајќи се да им каже на американскиот претседател Џо Бајден и новиот италијански премиер Марио Драги дека сака да се сретне со нив во живо за време на самитот на Г7 во јуни, пренесе „Ројтерс“.

„Нè слушаш ли, Ангела?“, насмеано праша Џонсон и додаде: „Мислам дека треба да го исклучите микрофонот“.

Џонсон, кој е познат по гафовите, изјави дека Џо Бајден му го „украл“ слоганот „да излеземе од пандемијата подобри“, но исто така призна и дека веројатно и тој го зел од некого.

По скоро една година видео состаноци, дури и лидерите на Г7 не успеваат да ги надминат проблемите со микрофоните, објави Ројтерс.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=38&v=_g6jAnLD2r0&feature=emb_title
]]>

Најчитани вести