Низ светот синоќа се играа пријателски натпревари, а двете најголеми фудбалски ѕвезди имаа различен успех. Кристијано Роналдо постигна два гола против Камерун и постави нов репрезентативен рекорд, додека Меси не се запиша во листата на стрелците на гостувањето во Букурешт, но го задржа вниманието на јавноста кога повраќаше на терен.
– Такво нешто ми се има случено неколку пати и во клубот. Нема простор за грижа. Не ми е ништо. Често повраќам, изјави Меси веднаш по натпреварот со Романија.
Инаку, средбата Романија – Аргентина заврши нерешено голови 0:0, а Лионел Меси беше избран за најдобар играч на натпреварот, иако немаше посериозен ефект за неговата селекција да забележи победа.
За разлика од Меси, најдобриот светски фудбалер за 2013 година Кристијано Роналдо два пати погоди за Португалија, постави нов рекорд и придонесе неговата репрезентација да го совлада Камерун (5:1 конечен резултат).
Роналдо првиот гол го даде во 20.минута и во тој момент со вкупно 48 голови стана најефикасниот фудбалер во историјата на португалската репрезентација поминувајќи го Паулета, а 49.от погодок за својата земја го постигна пред крајот на натпреварот
]]>


