(ВИДЕО) Мицкоски, Мицкоски, вежбаш или не вежбаш?!

„Телохранителите на Мицкоски уште пред пола година ја предвидоа пандемијата со коронавирсот и од тогаш до ден денес веќе 6 месеци постојано носат бели хируршки ракавици. Професионалци на дело и место. Браво!“, e само една од реакциите на социјалните мрежи, откако се појави нова снимка од лидрот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како вежба во теретана во време на пандемијата што речиси целиот свет го „зароби“ дома.

https://twitter.com/TalatOdPrespav/status/1254034824916058112?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1254034824916058112&ref_url=https%3A%2F%2Ffokus.mk%2Fse-pojavi-nova-snimka-od-mitskoski-vo-teretana-toj-tvrdi-deka-e-od-pred-shest-mesetsi%2F

„Мицко кога прави склекови не се крева нагоре, туку го бутка вмро надоле.“

„Вежба грб. Треба на него да ја носи мајка Македонија“, велат други.

„Синоќа плачеше, загрижен за зеравјето на граѓаните, загрижен од коронавирусот и ете го наредниот ден пак ги прекршува мерките оди во теретана која отвара само за него! наќе уште спиеш или ќе почнеш са работиш?!“, реагираат на мрежите.

Можеби овие коментари би звучеле претерано ако лидерот на ВМРО ДПМНЕ не ја негираше оваа информација со следните зборови:

„Не е толку срамно што објавуваат без да прашаат, туку е срамно што лажат континуирано и бесрамно. И нема ниту една лага да не им се распрсне и дознае. Веќе е совршено јасно дека зад ваквите лаги стојат повеќе квази пиарџии платени со државни пари, и еден центар на моќ сместен на Бихаќка.

Дечки повторно грешка, снимката е стара најмалку половина година, туку сега што правиме со тендерите во Дрисла, со новата блокада на патот кон ЕУ, со пљачката која ја правите со новата акциза, со економската криза и нарушеното здравје на граѓаните. Незрелото однесување на СДСМ значи ново пробиено дно. Сосема на крај, сепак има разлика. Да, јас спортувам, а вие крадете. Да, јас планинарам, а вие ја срамите и распродавате Македонија и да, ќе продолжам да вежбам кога ќе се создадат услови, а вие сепак на крајот од денот ќе останете ситни луѓе и јас ве жалам!“, вели Мицкоски.

]]>

Најнови вести

Најново од Видеа, Македонија, Ударни вести

Најчитани вести