Најмалку 70 луѓе загинаа откако камион се втурна во толпа на луѓе кои го прославуваа Денот на националноста 14 јули соопшти Канцеларијата на обвинителот на Ница, јавува Anadolu Agency (AA).
Според телевизискиот канал БФМ, во центарот на градот, камион се втурнал во толпа луѓе кои го прославувале Денот на националноста 14 јули. Во текот на прославата, во моментот кога бил фрлан огнометот, возачот со камионот се втурнал меѓу граѓаните собрани во центарот на градот, а потоа пукал врз нив.
Гувернерството побара од граѓаните да не излегуваат надвор од своите домови. Јавено е дека извршителот на овој напад е убиен во престрелка со полицијата.


