Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, досега се откупени над 15,3 милиони килограми тутун по просечна откупна цена од 210 денари за килограм. „Со самото завршување на откупот кој се очекува да заврши за скоро време и внесувањето на податоците од страна на откупните претпријатија во единствениот ИСЕТ систем кој од минатата година почна за првпат да работи и преку кој се надминати многу поранешни пречки при проценката и исплатата на субвенциите, ние одма ќе превземеме мерки за административна обработка на барањата на тутунопроизводителите контрола на терен и во април навремено да се исплатат субвенциите како што веќе е воведена пракса. Со ланската исплата на субвенциите од реколта која што се исплаќаше ние исплативме 26 390 корисници односно 28 милиони евра навремено без селекција во еден ден“, посочи директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски. Директорот на ДИЗ, Благој Индов рече дека процесот тече без големи проблеми. ]]>


