Парче од најопасниот досега познат астероид неделава ќе слета на Земјата во Јута, САД. Карпата доаѓа од астероидот Бану, астероидот во облик на тркало широк приближно 500 метри.
Овој астероид се состои од маса карпи а како објект што е блиску до Земјата, на околу 7,4 милиони километри од орбитата на Земјата, тој е најопасниот познат „потенцијално опасен“ астероид.
Научниците утврдија дека има 1 : 2.700 шанси Бену да удри на Земјата помеѓу 2175 и 2199 година, па иако тоа е прилично добар резултат за Земјата, тие дефинитивно не сакаат целосно да го игнорираат овој астероид. Во обид да дознае повеќе за астероидот, НАСА го лансираше своето вселенско летало OSIRIS-REx во 2016 година за да отпатува до Бену и да собере примероци од површината.
Мисијата е спроведена за да им помогне на научниците да истражат како се формирале планетите и како настанал животот, како и да го подобри нашето разбирање за астероидите кои би можеле да бидат ризик за Земјата.
Професорот Данте Лаурета, главен истражувач на мисијата, го објасни значењето на мисијата коментирајќи:
„Кога ќе имаме 250 грама од астероидот Бену на Земјата, ќе набљудуваме материјал кој постоел пред нашата планета, можеби дури и некоја материја што постоела пред нашиот Сончев систем“
Лаурета, исто така, го изјави следново за Би-Би-Си:
„Се обидуваме да ги дознаеме нашите почетоци. Како настанала Земјата и зошто овој свет е погоден за живеење? Од каде океаните ја добиле водата; од каде ни е воздухот во нашата атмосфера; и што е најважно, кој е изворот на органските молекули кои го сочинуваат целиот живот на Земјата?“
Откако капсулата со парчето од астероидот ќе слета на Земјата, тимот на OSIRIS-REx ќе ја земе и ќе ја однесе во посебна просторија за да се избегне контаминација. По деконтамирањето парчето ќе биде однесено во вселенскиот центар Џонсон на НАСА за научниците да започнат со работа на материјалот.


