(ВИДЕО) Над 4 илјади хектари државно земјиште ќе биде доделено под закуп на земјоделците

На прес-конференцијата беше соопштено и дека во тек е постапка на изготвување на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште. Со Предлог законот ќе подобрат веќе постоечките законски решенија, но и ќе се воведат нови решенија кои ќе бидат во функција на рационално користење на земјиштето, негова заштита и правна сигурност на сопствениците и корисниците. Паралелно се работи и на спороведување на проектот кој министерството го спроведува во соработка со ФАО за косолидација на земјоделското земјиште, така што со окрупнувањето на парцелите, ќе се создаде поевтино и поконкурентно производство. „Зголемувањето на обработливите земјоделски површини преку неселективна распределба на државното земјодрелско земјиште под закуп, е една од стратешките цели на Министрстсвото за земјоделство, шумарство и воводостопанство. Крајната цел е вистинска и неселективна распределба на државното земјоделското земјиште, што ќе значи зголемени обработливи површини и зголемено производство на квалитетни, конкурентни и безбедни земјоделски производи“, истакна портпаролката Трпчевска-Јанковска.]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести