Паника, солзи, ама и среќен крај… За време на пријателскиот дубл натпревар во Мајорка во кој играа Рафаел Надал и Симон Солбас, против легендарните тенисери Карлос Моја и Џон Макенро, се случи несекојдневен настан.
Една мајка на трибините го изгубила своето дете, а Надал кога забележа што се случува го запре натпреварот и почека додека мајката не го најде своето дете меѓу 7.000-те навивачи.

„Клара! Клара!“ – извикува мајката од трибините, еден од најдобрите тенисери реши да го прекине дуелот додека малото девојче не се пронајде.

Целиот стадион се вклучи во потрагата, па истата и заврши многу брзо.

Потоа следеше силна прегратка и солзи радосници, но и аплауз како поддршка од публиката.

Спортот е важен, ама некои работи се поважни и поголеми, а тоа Надал го знае многу добро.
На крајот, тој победи, но целиот натпревар ќе остане во сенка на овој настан:


