(ВИДЕО) Нашата Наташа Андонова со најдобар гол во светот за месец февруари!

Со одличен погодок  најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова против Фрајбург до убедлив триуфм. Нејзиниот гол е прогласен за најдобар  во светот за месец февруари од страна на читателите на специјализираната веб-страница за женски фудбал „Women Soccer United“.

Во анкетата победи со дури 82 отсто од вкупниот број на гласови.


Natasa Andonova Voted WSU Goal of the Month… by womenssoccerunited

Нашата Андонова која ги брани боите на Турбине од Потстдам постигна фантастичен гол од далечина, во борбата за првото место ги победи Фабиен Хум од Цирих која доби 15 осто од гласовите, Клер Лавож од Монпелје која заврши со само 2 отсто, Летитла Тонаци, исто така од Монпелје со 1 отсто од гласовите и Амината Дјало од Гренобл која не доби глас.

Најчитани вести